Иако 29 јуни 2022 година беше измерен како најкраткиот ден во последните 50 години, Земјата всушност ја забавува својата ротација.
Научниците се најдоа пред необична загатка. Атомскиот часовник во комбинација со прецизни астрономски мерења откри дека деновите на Земјата стануваат подолги.
Иако некој би можел да каже дека ова е добредојдена промена, научниците предупредуваат дека ваквите отстапувања можат многу да влијаат не само на нашето мерење на времето, туку и на бројни современи технологии кои се незаменлив дел од нашите животи. На пример, GPS.
Истражувајќи за што се работи, научниците утврдиле дека од 2020 година ротацијата на Земјата околу својата оска полека но сигурно се забавува, што резултира со подолги денови. И иако нашите часовници сè уште велат дека денот трае 24 часа, точното времетраење на ротацијата сè уште варира.
Низ историјата, ротацијата на Земјата се забавувала и забрзала поради влијанието на Месечината. Пред неколку милијарди години, според научниците, еден ден на Земјата траел само околу 19 часа.
Од друга страна, во последните 20 илјади години, ротацијата на Земјата се забрза. Колку брзо ротира Земјата влијае цела низа феномени – од земјотреси (како оној со јачина од 8,9 што ја погоди Јапонија во 2011 година, кој ја забрза ротацијата на Земјата за 1,8 микросекунди), вулкани и друго. Дури и климатските промени и екстремните временски услови можат да влијаат на ротацијата на Земјата.
И покрај фактот дека на 29 јуни 2022 година е измерен најкраткиот ден во последните 50 години, научниците се уште се збунети зошто долгорочната траекторија се префрлила од забрзана на продолжена.
Некои шпекулираат дека промените во атмосферата кои резултирале со екстремни временски настани се одговорни за таквата промена, но такви настани биле забележани и низ историјата. Дури се шпекулира дека за моменталната ситуација е одговорен феноменот наречен „Осцилација на Чендлер“, што укажува на мало поместување на оската на ротација во период од околу 430 дена.
И што точно значи тоа за обичните Земјани?
Засега – ништо. Научниците ќе продолжат да следат што се случува и ако забавувањето продолжи, можеби ќе треба да додадат „негативна престапна секунда“ или да одземат една секунда од денот.
Тоа би било и првпат да се случи вакво нешто бидејќи времето е прецизно мерено и може да доведе до цела низа проблеми. На пример, со Интернет, кој се потпира на точното време за размена на податоци.
Значи, додека тоа не се случи или Земјата повторно не забрза, уживајте во фактот дека секој ден на Земјата е неколку милисекунди подолг отколку што мислевте.