Феномен кој не се гледа често: Силно невреме го обои небото во необична боја

Сподели со своите пријатели

Освен што е необично и можеби вознемирувачко, ова зелено небо е всушност резултат на посебна комбинација на временски услови.

Loading...

Откако комбинацијата од ниска облачност и необични временски услови неодамна предизвикаа небото над Чајна таун да стане крваво црвено, сега следуваат фотографии од уште една необична појава.

Небото над американскиот град Сиукс Фол во Јужна Дакота се претвори од сино во малку застрашувачко неонско зелено. Освен што е необично и можеби вознемирувачко, ова зелено небо е всушност резултат на посебна комбинација на временски услови.

 

 

Според извештаите на локалните медиуми, над тој дел на Јужна Дакота се формирал огромен систем на бура, кој го зафатил регионот, при што биле повредени неколку луѓе и причинета значителна материјална штета. Бурата имаше налети на ветер како оние кои се наоѓаат во ураган, врнеше силен дожд, а тоа исто така предизвика прекршување на светлината под необичен агол, што резултираше со необична боја.

Постојат неколку теории зошто небото станало толку зелено. Според објаснувањето дадено од Scientific American, грмотевиците често се случуваат во доцните попладневни часови или навечер, кога сонцето заоѓа и дава жолто-црвен сјај. Водата која е во воздухот во тој момент одлично ја отсликува сината боја. Токму затоа метеоролозите веруваат дека ако бурата има доволно расфрлани капки во некоја област, кои ја рефлектираат сината боја на небото, а сонцето ги удри под прав агол, резултатот ќе биде зелен одраз.

Loading...

Сепак, и покрај ова научно објаснување, метеоролозите истакнуваат дека такво зелено светло, како што се појави во Јужна Дакота, не се случило неодамна.