Фејсбук уште еднаш ќе се најде на суд, овој пат во улога на тужител.
Имено, компанијата поднесе тужба против сопственикот на услугата Накратка, која користи ботови и автоматизација за продажба на лажни лајкови, коментари и следбеници на Инстаграм.
Ова не е прв пат Фејсбук да користи тужби против програмери кои ги користат податоците неовластено или на кој било друг начин ја нарушуваат политиката на користење на нивните услуги.
Претходно оваа година, компанијата тужеше шпански девелопер за продажба на лажни лајкови на Инстаграм, а во текот на 2019 година, компанија од Нов Зеланд беше на суд за истата работа.
Овие тужби се дел од политиката на компанијата за преземање поагресивни активности против компании и лица кои ги кршат деловните политики, по големиот скандал со Кембриџ аналитика.
Покрај Накратка, Фејсбук поднесе и тужба против МобиБрн, развивач кој користеше злонамерен софтвер за да собере податоци на Фејсбук од корисниците. Овој развивач собрал информации од уреди што испраќале барања до Фејсбук за да преземаат податоци (најавување преку сметка на Фејсбук), а малициозниот софтвер бил скриен во навидум безопасни апликации што корисниците ги инсталирале на своите телефони и компјутери.