Фејсбук деновиве започна со воведување на нов интерфејс за својата десктоп верзија, што на корисниците им дава можност да изберат или Classic или Dark mode.
Кога се најавуваат на социјалната мрежа, на некои корисници им излетува прозорец што се појавува прашувајќи дали сакаат да испробаат нов дизајн на страниците на Фејсбук (Фејсбук Бета).
Оние кои реагираат позитивно, имаат можност да се префрлат во мрачен режим и да ги откријат нејзините потенцијални предности и недостатоци.
Изборот на лајт и темни режими може да се направи и во основните поставки за сметката.
Покрај тоа што ќе можат да се одлучат за темниот режим, Фејсбук Бета треба да биде покорисен и лесен за употреба, бидејќи нуди поголеми фонтови и поедноставена навигација.
Друга новина е тоа што ФБ сега памети каде застанавте додека се движевте низ news feed.
Иако Фејсбук досега ги ограничи своите бета верзии на одредени земји (обично во САД), изгледа дека овој пат оди наоколу, корисниците од целиот свет се вклучуваат во тестирањето на новиот интерфејс.