Социјалната мрежа „Фејсбук“ го промени начинот на кој фото-албумите функционираат.
Имено, постои можност да сте забележале известување за промената кое наведува дека албумите ќе станат многу побогата база на вашите спомени.
Сега во албумот ќе можеме, покрај фотографии и видеа, да додаваме и локации, но и обични текстуални постови.
Истовремено, одлучиле да го оелснуваат додавањето пријатели кои можат да додаваат содржини во нашите албуми, а албумите ќе можеме да ги истакнеме на профилите. Се ова би требало да обезбеди албумите да станат многу популарни, но и да бидат подобар „чувар“ на некои наши важни спомени од патувањата.
Осве тоа, ќе можете да добиете и нотификации за албумот на пријателот, па ќе видите секогаш кога тој или таа додале некоја нова содржина.
Побогатите албуми првин се објавени за десктоп и Андроид, а подоцна ќе пристигнат и за iOS уредите.
Погледнете како ќе изгледаат новите албуми.


