Компанијата Фејсбук моментално тестира нова опција која на корисниците ќе им помогне од почетната страница да ги отстранат информациите кои не сакаат да ги примаат.
Било да скаате да се поштедите од коментарите за новата епизода од омилената серија која се уште не сте ја гледале, или пак да се изолирате од новости поврзани со животот на поранешното момче, Фејсбук сега има решение, пишува „Њуз хаб“.
Според блог постот на менаџерката на Фејсбук за њуз вид Шурти Мураледаран, во прашање е опцијата „Keyword Snooze“ (криење со помош на клучни зборови).
3 магични љубовни ритуали: Еве што треба да направите за да ја привлечете сродната душа