Фејсбук развива Инстаграм за деца

Сподели со своите пријатели

Според BuzzFeed News, кој ги поседува внатрешните документи на Фејсбук, еден од приоритетите на најголемата светска социјална мрежа стана развој на верзија на Инстаграм за деца под 13 години.

Loading...

На чело на проектот ќе биде шефот на Инстаграм, Адам Мосери, а развојот ќе го води тим предводен од Павни Диванџи кој работеше на YouTube Kids и други производи наменети за деца додека уште работеше за Google.

Сите знаеме дека апликациите, игрите и услугите за деца се одличен извор на пари за многу компании во светот, па затоа не сме изненадени што големиот Фејсбук сака да земе дел од тој колач за себе, или да украде големи суми пари од родители.

Сè уште не е познато како ќе изгледа детскиот Инстаграм, но Фејсбук ќе се погрижи сè да биде во согласност со законите и прописите, и родителите да имаат целосна контрола врз профилите и комуникациите на децата.

Leave a Reply