Фејсбук ќе плати казна до 500.000 фунти

Сподели со своите пријатели

Фејсбук се согласи да плати казна од 500.000 фунти за кршење на законот за заштита на податоците во однос на фирмата Кембриџ Аналитика, објави денес регулаторот за заштита на податоците во Велика Британија.

Loading...

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, се соочи со испрашување пред американските и европските пратеници за тоа како консултантската фирма ги добила личните информации на 87 милиони корисници на „Фејсбук“ и ги користела за политички цели.

Казната е мала во однос на пазарната вредност на Фејсбук од 540 милијарди долари, но е максимум што може да го наметне Кабинетот на Комесарот за информации (МЦК) и е првиот чекор во казнувањето на оваа социјална мрежа за овој скандал.

Фејсбук, наводно, ја отфрлил жалбата и се согласил да ја плати казната, но не ја признава одговорноста, пренесува Ројтерс.

– Задоволни сме да чуеме дека Фејсбук го презеде и ќе продолжи да презема важни чекори кон придржување кон основните принципи за заштита на податоците – соопшти МЦК.

Leave a Reply