Мета ќе им овозможи на корисниците на Фејсбук да креираат повеќе лични профили и да се префрлаат меѓу нив без да се одјавуваат и повторно да се најавуваат, се вели во објавата на блогот.
„Без разлика дали сте нов на Фејсбук или долгогодишен корисник, можеби ќе сакате да ги одделите вашите лични и професионални односи или можеби ќе сакате да задржите еден профил поврзан со заедницата во која сте дел и друг профил само за пријателите. “ напиша Мета.
„Креирањето на повеќе лични профили ви овозможува лесно да организирате со кого споделувате и каква содржина гледате за различни делови од вашиот живот. Замислете еден профил за културната сцена што ја сакате и друг за да бидете во тек со пријателите и семејството“.
Ќе можете да имате до четири дополнителни Фејсбук профили.
Може да се префрлате помеѓу нив од менито достапно кога ќе ја допрете сликата на вашиот профил во долниот десен агол на лентата со алатки.
Сепак, дополнителните профили имаат некои ограничувања за почеток; апликацијата Messenger нема да ги поддржува, а функциите како Facebook Dating, Facebook Marketplace и Professional Mode во моментов не се достапни од вашите дополнителни профили.
Мета рече дека експериментирала со функцијата во текот на изминатата година и дека „слушнавме од луѓето дека појасната организација на пријатели, групи и интереси им помага да се чувствуваат послободни да се вклучат со публиката за која веруваат дека е најрелевантна“.
Тие причини се истите оние кои отсекогаш ги поттикнувале луѓето да креираат дополнителни профили на Инстаграм или Фејсбук, а со оваа промена е многу полесно да се направи тоа.
Функцијата ќе биде глобално воведена почнувајќи од четврток, а воведувањето ќе се случи во текот на „следните неколку месеци“.
Ако се вратите во апликацијата за да креирате Facebook finsta, може да забележите ново лого.