Фејсбук, наводно, ќе им плати на индивидуалните корисници да престанат да ја користат таа социјална мрежа некое време.
Ова е дел од проект кој го проучува влијанието на социјалните мрежи врз политичките ставови и однесување за време на претстојните избори во САД.
Вашингтон пост објави дека оние кои некое време ќе престанат да го користат Фејсбук може да заработат и до 120 американски долари.
Весникот објави фотографија од истражувањето, кое е испратено до индивидуални корисници на социјалната мрежа Инстаграм.
Корисниците кои ќе се пријават за да учествуваат во истражувањето ќе ги деактивираат своите профили на Фејсбук или Инстаграм подоцна овој месец. Профилите би можеле да бидат деактивирани за период од една до шест недели.
Американскиот весник додава дека корисниците ќе направат анкета пред повторно да ги активираат своите профили.
Фејсбук очекува дека до истражувањето ќе учествуваат до 400.000 луѓе и дека компанијата нема да ја финансира работата на независни истражувачи кои ќе го спроведат истражувањето.
Резултатите од истражувањето се очекува да бидат објавени најрано во средината на следната година.