Компанијата „Мета“ (Фејсбук) ги исклучи апликациите на сите ресурси на агенцијата МИА „Русија сегодња“, јавува прес-службата на медиумската група.
„Мета синоќа ги исклучи апликациите на сите ресурси на нашата медиумска групација. Како и во случајот со исклучувањето на Google News и Google Discover, веруваме дека ова е манифестација на цензура“, се вели во соопштението на прес-службата на новинската агенција.
Претходно, Google Discover и Google News го ограничија прикажувањето на материјали од сите ресурси на медиумската група „Русија севодња“.
„Русија севодња“ е меѓународна медиумска групација чија мисија е брзо и избалансирано известување за светските настани, информирајќи ја јавноста за различните ставови за клучните настани. Медиумската група „Русија севодња“ е претставена со информативни ресурси: во странство – тоа е меѓународна новинска агенција и радио Спутник, во Русија – РИА Новости, Прајм, ИноСМИ, Украина.ру, Балтњуз и ТОК.