Фејсбук блокира дезинформации за вакцината против коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Фејсбук во четвртокот објави дека ќе блокира лажни и научно неосновани тврдења за вакцината против ковид-19, следејќи го примерот на Јутјуб што го стори тоа во октомври.

Loading...

Станува збор за проширување на постојните правила за дезинформација на компанијата за пандемијата.

Фејсбук се реши на потег по веста дека наскоро низ целиот свет ќе започне вакцинацијата против ковид-19.

Две фармацевтски компании, „Фајзер“ и „Модерна“, побараа од американските власти вонредно одобрување за нивните вакцини.

Велика Британија во средата ја одобри вакцината Фајзер и го поведе остатокот од светот во трката за лансирање на најмасовната вакцинација во историјата.

Идеолошки разновидни групи низ пандемијата шират дезинформации за вакцините на социјалните мрежи, вклучително и дека испитувањето се спроведува врз луѓе без нивна согласност.

Leave a Reply