Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција

Сподели со своите пријатели

Поранешната висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денес беше официјално обвинета за процедурална измама и корупција во врска со договорот за обука на идни дипломати во академијата „Колеџ Европа“, која сега ја води.

Могерини беше уапсена во вторник и приведена на испрашување од страна на белгиската полиција, а во текот на ноќта сите беа ослободени од притвор.

Обвинителството истражува измама поврзана со програмата за обука на помлади дипломати финансирана од Европската Унија, која Европската служба за надворешна акција ја додели на Колеџот на Европа за 2021 и 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен: ЕУ конечно и засекогаш ја затвора славината за руски гас

Истрагата се фокусира на тоа дали тендерот бил наместен во корист на училиштето.

Могерини е на чело на Колеџот на Европа од 2020 година, а во 2022 година ја презеде и функцијата на чело на Дипломатската академија на ЕУ.

Како што пишува France24, повикувајќи се на европски извори, предметниот договор вредел околу 650.000 евра.