Федерацијата го казни МКК Куманово со скоро две илјарди евра

Сподели со своите пријатели

Комесарот за натрепварување при Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука да изрече казна од 114.000 денари или скоро 2.000 евра за екипата на МКК Куманово.

Казните се изречени по три основи, а најголемата во износ од 100.000 денари се однесува за ставката „директно попречување и снимање на натпревар“.

Причината неофицијално е веењето знамиња на навивачката група Кумани зад кои секогаш се наоѓа камерата која ги снима натпреварите.

Клубот поднел жалба на оваа одлука, но федерацијата не ја разгледала оти, како што велат, не била уплатена пропишаната такса во утврден рок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автобус прегази 16-годишна ученичка од Куманово

Втората казна во износ од 8.000 денари е изречена за ставката неспортско навивање.

Казна во износ од 6.400 денари е изречена и за техничка грешка на играчот Урош Луковиќ.

Никола Ивановски