ФБИ уапси пар руски шпиони на Хаваи: Работеле 30 години! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хаваи. Место кое го замислуваме како рај. Палми, плажи, лесен ветер, коктел… И руски шпиони?!

Loading...

Според американските медиуми, федералните агенти минатата недела во градот Каполеј уапсиле брачен пар за кој се сомневаат дека работеле како тајни агенти на КГБ, подоцна ФСБ…

Волтер Глен Примроуз (алијас: Боби Едвард Форт) и Гвин Дарл Морисон (Џули Лин Монтег) биле уапсени за кражба на идентитет.

Американските власти имаат докази дека дуото ги преземало идентитетите на две бебиња кои починале во Тексас некаде во 1980-тите.

 

 

Со тие нови идентитети извадиле важечки возачки дозволи, социјални картички и пасоши…

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН повикани да го забранат COP во земјите кои се залагаат за фосилни горива

Тие биле обвинети за повеќе тешки кривични дела, но според пензионираниот агент на ФБИ Том Симонс, тоа бил само првиот чекор.

– Ги тргнаа од улица за да почнат да преговараат со нив и да видат што знаат и колку се подготвени да соработуваат со американската влада – тврди Симонс, пренесуваат американските медиуми.

Фотографиите кои се внесени во докази против двајцата ги прикажуваат во униформи, за кои американските разузнавачки служби тврдат дека припаѓаат на КГБ.

Примроуз работел во американската крајбрежна стража од 1994 година како електричар на авиони.

 

 

Таа служба ја напуштил во 2016 година, а потоа работел како изведувач во Министерството за одбрана.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран планира клиники за да ги убеди жените кои одбиваат да носат хиџаб

Адвокатот Кевин О’Грејди, пензиониран воен обвинител, за американските медиуми изјави дека Примроус, со безбедносното одобрение што го има, можел да им даде на Русите многу важни информации.

– Тој можел да им каже на непријателите многу за американската армија и нашите планови – смета О’Грејди.

– Искрено, за мене е зачудувачки колку време Русите потрошиле на овој еден проект. Ова не беше акција со голема брзина за кражба на документи. Тоа траеше со децении – продолжува Симонс.

 

 

Нивните соседи од Каполеи беа шокирани минатиот петок кога во нивната населба се појавија куп полицајци.

– Тие беа пријателски расположени. Не се истакнуваа премногу, но секогаш убаво се поздравувавме. Не можев да поверувам колку агенти на ФБИ одеднаш се појавија пред куќата – изјавил еден од соседите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на заболени од мали сипаници во светот е зголемен за 20 отсто