Човечки посмртни остатоци, кои неколку монаси ги погребале во Кина пред повеќе од еден милениум, најверојатно припаѓале на Буда, пишува Дејли Мејл.
Се смета дека 2.000 делови кремирани коски припаѓале на СИдарти Готами, чии учења станале основа за будистичката религија.
Коските се пронајдени во кинеската провинција Џунчуан, во керамички сад чиј натпис укажува на тоа дека припаѓаат на Буда, за кој се смета дека починал пред 2.500 години.
Освен коските, археолозите пронашле уште 260 будистички статуи.
Буда, филозоф и патувачки учител роден во Непал, наводно се откажал од своето кралско наследство за да го следи патот на духовноста.
Во светот на списите се наведува декапатувал во источните делови на Индија помеѓу 6 и 4 век пред новата ера.
Откако Буда, според легендата, починал во 81. година пред 2.500 години, неговите ученици наводно ги поделиле неговите посмртни остатоци и ги пренеле на неколку места ширум земјата.
Остатоците на Буда првобитно требале да припаднат на кланот Шакја на кој припаѓал и самиот тој. Сепак, тогашниот крал и шестте останати кланови барале реликвии за себе.
За да не дојде до караници, религискиот лидер бил поделен на мошти во 10 делови, кои потоа биле однесени во светилиштата за да следбениците на Буда му се поклонуваат.
Моштите пред пет години ги откриле селани, кои граделе пат во близина на храм во кој почивале посмртните остатоци.
Истражувањето е бојавено во магазинот „Кинески културни реликвии“.