Властите на Фарските острови одлучија привремено да го ограничат контроверзниот лов на делфини и китови на вкупно 500 китови, по жестоките критики во земјата и ширум светот поради минатогодишното колење кога беа убиени повеќе од 1.400.
Како одговор на критиките, властите одлучија да го ограничат бројот на животни што можат да бидат убиени, јавува Би-Би-Си.
Активистите за правата на животните долго време го осудуваат крвавиот лов, сметајќи дека колежот е суров и непотребен.
Жителите на Фарските Острови сепак го поддржуваат овој традиционален обичај, тврдејќи дека делфините ги хранат со векови.
Познат како гринд (или Гриндадрап на фарски дијалект), ловот на морски цицачи, првенствено китови, е традиција која се практикува стотици години на Фарските Острови, данска автономна територија во Северниот Атлантик.
Но, обемот на минатогодишниот колеж шокираше многу локални жители, па дури и привлече критики од групите кои учествуваат во ловот.
Тоа беше најголемиот број на делфини некогаш убиени во еден ден на Фарските Острови.
До Владата е поднесена петиција со речиси 1,3 милиони потписи за забрана на традиционалниот лов.
Сега владата го ограничи годишниот улов на делфини на 500 во следните две години.
Засега одлуката на Владата се однесува само на ловот на делфини, а не и на целата традиција на гринд.
Квотата беше поставена по „невообичаено голем улов“ од 1.423 делфини во септември, се вели во соопштението на владата.
Сепак, владата изјави дека ловот служи како „значаен додаток во животот на Фаранците“.