Фарс: Помали протести се одржаа синоќа во неколку ирански градови

Сподели со своите пријатели

Помали демонстрации се одржаа синоќа во неколку ирански градови, објави денес Ал Џезира, повикувајќи се на иранската новинска агенција Фарс.

Фарс известува дека „ограничени протести“ се одржале во населбите Наваб и Садат Абад во Техеран во недела навечер.

Во југозападниот дел од покраините Чахармахал и Бахтијари, демонстрантите се собрале во градовите Хафшеџан и Џункан.

Демонстрации се одржале и во округот Таџбад во североисточната покраина Разави Хорасан, а според новинската агенција Фарс, иранските безбедносни сили интервенирале и ги растерале демонстрантите.

Протестите започнаа во Техеран на 28 декември минатата година поради падот на вредноста на иранската валута и економските тешкотии во земјата, а оттогаш се проширија во повеќе од 100 градови и места низ сите ирански покраини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ја обвинија Данска за окупација на Гренланд

Според активистите со седиште во САД, бројот на жртви на насилство за време на протестите во Иран против владата се искачи на најмалку 538.

Со прекинувањето на интернет услугите во Иран и прекинувањето на телефонските линии, проценката на демонстрациите од странство станува сè потешка, но според извештајот на CBS, кој се повикува на податоци од организации за човекови права со седиште во САД и нивната мрежа на контакти во Иран, бројот на жртви во судирите меѓу демонстрантите и иранските безбедносни сили продолжува да расте.

Од вкупниот број на загинати, 490 се демонстранти, 48 се членови на безбедносните сили, а агенцијата „Активисти за човекови права“ предупреди дека бројот на жртви веројатно ќе се зголеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја остро го критикуваше новиот пакет санкции

Се вели дека 10.600 лица биле приведени за време на двонеделните протести и дека иранската влада не доставила никакви податоци за жртвите на насилството на демонстрациите.