Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа неделава настапува на ITF турнирот во Белинзона во Швајцарија со награден фонд од 60.000 долари.
По првите три кола и три победи после големи пресврти против тенисерки кои се подобро рангирани од Ѓорческа на ВТА листата денеска нашата тенисерка ќе ги одмери силите во четврт финалето со италијанката Луција Бронцети -345 на листата.
Ѓорческа во моментов се наоѓа на 359 место на листата што е далеку од нејзиниот најдобар ранкинг во кариерата.
Со пласманот во четврт финалето Лина ќе забележи напредок на листата, а истиот напредок може да биде уште поголем доколку победи денеска и се пласира во полуфиналето. Со победа ќе биде многу поблиску до квалификациониот турнир за вториот грен слем во годината, Роланд Гарос кој се игра во Париз.
М.Ф