Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, изјави за CNBC дека вакцината против коронавирус насочена кон омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе започна со производство на првите дози.
Алберт Бурла рече дека сѐ уште не е јасно дали вакцината против омикрон е неопходна и дали ќе се користи, но „Фајзер“ ќе има готови дози бидејќи некои земји веќе ги бараат.
Новата вакцина ќе биде ефикасна и кога станува збор за други видови, рече Бурла.
„Се надеваме дека ќе произведеме нешто што ќе обезбеди многу, многу подобра заштита од инфекција“, рече Бурла, додавајќи дека сегашната заштита од тешки состојби е добра „ако, да речеме, се прими трета доза“.
Студијата на британската агенција за здравствена безбедност покажа дека вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ и до 20 недели по примањето на втората доза, се ефикасни во спречувањето симптоматски случаи само во 10 отсто од случаите.
Сепак, студијата исто така покажа дека тие се уште се ефикасни во спречувањето на сериозни болести.
Исто така, се покажа дека бустер дозата го зголемува тој процент на 75 проценти.
Првиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, во декември рече дека нема потреба од засилувачка доза која ќе го таргетира омикронот, бидејќи сегашните засилувачки дози се покажаа ефикасни во борбата против вирусот.
Но, и генералниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, рече дека се работи на подготовка на бустер доза која би го таргетирала омикрон. Таа наскоро влегува во клиничка студија, а треба да биде готова до есен.
Бурла, инаку, рече дека сѐ уште не се знае дали е потребно да се даде четвртата доза, но дека компанијата ќе спроведе експерименти и ќе го утврди тоа.
Во Израел четвртата доза се користи за лица над 60 години, лица со загрозен имунолошки систем и здравствени работници.