Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Боурла, ги отфрли обвинувањата дека неговата компанија намерно го одложувала објавувањето на резултатите за ефикасноста на вакцината за периодот по изборите во САД.
„Изборите можеби беа многу важни за претседателот, но не и за нас“, рече Боурла на настанот организиран од Њујорк Тајмс. Извршниот директор на Фајзер изјави дека никој не се обидува да го присили да направи нешто што е несоодветно и дека тој никогаш нема да го стори тоа.
„Фајзер“ и „Бајонтек“ минатата недела соопштија дека вакцината што ја развија е ефикасна во 90 отсто од случаите.
Боурла претходно изјави дека неговата компанија нема да има податоци за резултатите од тестовите до крајот на октомври. Резултатите конечно беа објавени на 9 ноември, скоро една недела по претседателските избори во САД.
Доналд Трамп претходно во неколку наврати ја уверуваше јавноста дека резултатите за успехот на вакцината ќе бидат објавени пред изборите, а подоцна на Твитер напиша дека Фајзер „немал храброст“ да ги објави резултатите пред изборите.
Златко Шумковски