„Фајзер“ објави дека го намалува бројот на работници поради новите околности.
Станува збор за намалување на продавачите во Америка, а со оглед на очекувањата дека лекарите и другите здравствени работници ќе сакаат помалку „лице в лице“ интеракции со продавачите на компанијата, откако ќе заврши пандемијата.
Во исто време, јавноста го чека објавувањето на годишните резултати на компанијата и најавата дека Фајзер во 2021 година ќе заработи повеќе од 80 милијарди долари од успешната продажба на вакцините против Ковид-19.
– Тоа ќе биде рекордна продажба направена од фармацевтска компанија – изјави извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, коментирајќи ги резултатите.
Во оваа насока, се поставува прашање поврзано со новата стратегија на компанијата, но од друга страна, се тврди дека е оправдано со оглед на најавата дека пандемијата е при крај.