Министерката за надворешни и европски работи на Словенија Тања Фајон најостро ги осуди акциите на израелската армија во Либан.
Фајон ова го истакна во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија што се одржува во Луксембург.
Таа ја истакна потребата да се заштитат мировниците.
„Тоа е инцидент што претставува кршење на меѓународното право. Ја поддржувам работата на мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ). Неопходно е да се обезбеди итен прекин на непријателствата“, предупреди Фајон.
Таа посочи дека станува збор за „тешки кривични дела и кривични дела“.
„Словенија се стреми кон активно спасување, ставање крај на војната во Газа, заштита на цивилите и обезбедување дополнителна хуманитарна помош“, додаде таа.
Таа, исто така, изрази поддршка за Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестина (UNRWA).
Како што рече таа, на средбата ќе го повтори повикот за воведување санкции против израелските политички лидери кои го прекршуваат меѓународното право и за заострување на санкциите против израелските доселеници кои вршат насилство на Западниот Брег.
ОН објавија дека израелски тенкови ги пробиле вратите на мировната база на светската организација во јужен Либан, новите обвинувања за беззаконие и напади беа осудени од сојузниците на Израел, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да ги евакуираат мировните трупи на УНИФИЛ од борбените области во Либан.