Фејсбук започна да тестира „Dark mode“ како дел од својата апликација на голем број корисници.
Џејн Манчун Вонг потврди дека социјалната мрежа јавно тестира темен режим на верзии на апликацијата за Android и iOS.
Оние на кои веќе им е дадена опцијата, ќе имаат пристап до копчето „Dark mode“ во делот „Settings & Privacy“.
Опцијата може да се вклучи/исклучи рачно или може да се прилагоди на системските поставки.
Ако се користи темен режим на ниво на оперативен систем, Фејсбук може да ги следи тие поставки.
Во март, Фејсбук им дозволи на корисниците на декстоп да го користат темниот режим, додека придружните апликации (како што е Месинџер) ја имаат оваа опција од 2019 година.
Сега конечно доаѓа до мобилните верзии на Фејсбук.