Facebook објави нова музичка апликација

Сподели со своите пријатели

Фејсбук пушти во употреба нова музичка апликација под името „Колаб“ (Collab).

Loading...

Колаб е дизајниран како апликација за правење споделени видеа.

За првпат се зборуваше повеќе во јавноста на крајот на мај, бидејќи многу корисници беа принудени да останат дома поради пандемијата, пренесува Tech Crunch.

Колаб беше добредојден за музичарите, кои не можеа да одржуваат концерти во живо или да изведуваат никаде, па тоа беше еден од нивните примарни начини да се поврзат со публиката.

Во оваа апликација, засега е можно да се спојат три видеа долги до 15 секунди, кои се емитуваат едно по друго без прекини.

Leave a Reply