Ова е прилично тешка задача, со оглед на тоа дека многу парови не се склони на јавни објави од своите романтични односи.
Секако, Facebook со време научил да чит сигнали кои зборуваат дека „нешто се крчка“.
НОВА ОПЦИЈА НА FACEBOOK: Со еден клик до бесплатен WiFi (видео)
Loading...
Стручен тим го проучувал однесувањето на оние кои јавно објавиле свој романтичен статус и со помош на вештачка интелигенција сличното однесување го пронашле и кај други, нешто подискретни парови.
Еве на кој начин Facebook ќе реагира ако заклучи дека со некој сте посебно блиски?
– Ќе видите многу повеќе нивни објави.
– Името на личноста ќе се крене повисокот на листата чет контакти.
„Facebook“ ве познава подобро од што се познавате самите себе
– Социјалната мрежа ќе ве повика да организирате роденденска забава или да се сретнете во живо со таа личност.
– Facebook понекогаш ќе ве потсети за работите кои ви се заеднички, па ќе ви понуди објава на „сеќавања“ на вашиот ѕид.
Facebook чита пораки од вљубените
Отприлика сто дена пред промена на статусот „во врска“ корисниците многу почесто ќе го користат зборот љубов, слатко и среќа или дури и ќе ги објавуваат на ѕидот на саканата личност, во просек две објави на секои дванаесет дена.
Исто така, наместо саркастични и депресивни објави, вљубените често објавуваа обично позитивни работи.