Делови од Куманово и околината денескаљ и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:00 до 15:00 часот прекини ќе има на дел од улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.
Утре пак во период од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе останат низа фотонапонски централи.
Во понеделник без струја ќе останат голем дел од липковските силе. Од 06:30 до 11:00 часот прекини ќе има во селата Опае, Слупчане, Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Извор и Белановце.
Од 07:00 до 15:30 часот прекини ќе има во селото Матејче, од 07:00 до 15:30 во Никуштак и Виштица.
Станува збор за највени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

