Викенд прогноза за Куманово: Уште овој викенд 30 степени, потоа заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

 

 

Денеска низ куманоско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Директорот на БЈБ ја распушти единицата за борба против дрога во Куманово

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно, но и натаму топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 31 степен целзиусов.

 

 

Недела носи исто така променливо облачно време, со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

 

 

Претстојната работна недела носи пад на температурите.

Никола Ивановски