„Facebook“ ве познава подобро од што се познавате самите себе

Сподели со своите пријатели

Фејсбук како социјална мрежа на едно место ги има сите податоци за корисниците и ги анализира однесувањата и афинитетите. Така секој пат кога ќе се логирате на Фејсбук, кога ќе кликнете на вашиот News Feed или кога ќе лајкнете нечија фотографија вие оддавате дел од информации кои за вас ги собира Фејсбук.

Loading...

Иако и Гугл има значајни информации за корисниците, се работи за сирови податоци кои нужно немаат лична природна. За разлика од Гугл, Фејсбук има најсеопфатна база на лични податоци која настанува по анализирање на вашето однесување на Фејсбук.

Според пишувањата на Techcrunch, оваа социјална мрежа на основа на анализа на вашите постови, фотографии, линкови кои ги користите и други работи може да процени дали сте вредни, мрзеливи или дури дали сте погодни за издавање на кредит.

Анализата која за вас може да ја направи Фејсбук може да покаже дали сте во депресија, дали имате љубовни проблеми. Од неодамна на Фејсбук може да пребарате свои поранешни постови, што само ќе ја зголеми базата на податоци која Фејсбук ја има за вас.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.