Секоја социјална мрежа се развива со текот на времето, се прилагодува на потребите на корисниците и напредува. Во принцип, највидливи промени се оние што се случуваат на корисничкиот интерфејс.
Во таа смисла, Фејсбук, како најголема социјална мрежа во светот десет години, редовно ги добива своите ажурирања, со цел да го подобри корисничкото искуство.
Од септември, според најавите на првиот човек на компанијата „Фејсбук“, оваа социјална мрежа ќе добие комплетно нов изглед.
Поминаа повеќе од една година откако Марк Цукерберг првпат го покажа новиот изглед на Фејсбук, но наскоро тоа ќе биде единствената верзија на веб-страницата за компјутерски корисници.
Новиот изглед стана стандарден уште од мај, сепак, корисниците би можеле да изберат дали да го користат новиот интерфејс или да го задржат стариот. Наскоро секој ќе мора да се префрли на користење на новиот интерфејс.
Корисниците веќе започнаа да добиваат известувања за нови измени, и како класичниот изглед на Фејсбук ќе биде заменет со нов во септември, додека популарната сина тема ќе биде заборавена. Сето ова ќе се случи постепено од 1 септември.
Дизајнерите и инженерите пред неколку месеци објаснија зошто сакаат промена. Стагнацијата што им претходеше на промените се случи во време кога Фејсбук се фокусираше на мобилните телефони, доведе до потребата драстично да се смени нешто.
Сега компанијата е подготвена да се фокусира на донесување подобрувања во сите сегменти.
Минатата недела, Фејсбук објави интеграција на платформите за размена на пораки од Instagram, Facebook и WhatsApp.