Се чини дека Фејсбук започна да го спроведува својот план за спојување на опциите за допишување на сите свои платформи, но тоа засега го прави постепено.
Некои корисници на Инстаграм веќе добија известување за своите апликации за платформите за Android и iOS за можноста за допишување со пријателите кои користат Facebook односно Facebook Messenger.
Познатата икона со хартиено авионче за инстант пораки сега е заменета со логото на Messenger.
Сè уште не е можно да се разменуваат пораки со корисниците на Фејсбук, но оваа опција наскоро ќе биде достапна за корисниците.
Новото ажурирање носи поинаков изглед на „четот“, како и опции за реагирање на пораки со провлекување на прстот над нив, пишува Engadget.
Фејсбук не ја крие желбата да ги обедини опциите за разговор на Instagram, Messenger и WhatsApp, бидејќи сака да создаде „приватен социјален простор“ и со тоа да им овозможи на корисниците да контактираат со сите свои пријатели.