Фејсбук долго време се спротивставува на повиците да ја исчисти својата платформа од теории на заговор и по прашањето на 5G мрежата.
Тие повикаа на слободен говор. Но, откако во Велика Британија беа заплени мобилните базни станици и малтретирани инженери кои се обиделе да им обезбедат на сите интернет инфраструктура од Фејсбук се премислија.
Така во Фејсбук трае акција за да ги отстранат лажните вести за 5G мрежата, особено оние што се во поврзаност со пандемијата на коронавирус.
Удар за теориите на заговор: Јутуб ги укинува видеата занаводната врска на 5G и коронавиросут
Фејсбук беше принуден да го преиспита „слободниот говор“ што се прелева во физичкиот свет во форма на вандализам и насилство.
Инаку, постојат докази, пишува „Телеграф“, дека заговорот околу 5G мрежите започнал како руска кампања за дезинформации, при што првите објавувања поврзани со коронавирусот се појавија на социјалните медиуми уште во јануари.
Теоријата во моментов е нова, но кризата на лажни вести или ширење на лажни вести во сите негови форми го става стариот проблем, односно модерирањето и одговорноста на социјалните платформи, повторно се во фокусот.
Гугл ќе го следи движењето на телефоните со цел почитување на самоизолацијата
Од антивиксатори до масовни напади врз училиштата, всушност има неколку теории на заговор кои останаа единствено во онлајн просторот.
Исто така, има приказни на Инстаграм и Фејсбук кои е тешко да се расчистат од лажни вести.
Со или без криза, останува прашањето за ефективен начин за контрола на содржината на социјалните мрежи.
Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)