Евтина и совршена храна која го намалува холестеролот, доволни се само 25 грама дневно

Сподели со своите пријатели

Количината на холестерол што една личност ќе ја произведе зависи од исхраната. Сепак, една храна која секогаш можеме да ја купиме во здрава храна се покажа како совршена за намалување на холестеролот.

Loading...

Холестеролот му е потребен на нашето тело во одредени количини. Тој игра важна улога во процесот на варење, производство на хормони и витамин Д. Холестеролот главно се наоѓа во храната од животинско потекло, но и во нашите клетки.

Но, доколку ги надмине дозволените вредности, може да биде исклучително опасно за нашето здравје. Вишокот холестерол има тенденција да се залепи на внатрешните ѕидови на крвните садови, што може да предизвика болести како што се мозочен удар, висок крвен притисок, атеросклероза, срцеви заболувања, болести на бубрезите итн.

Холестеролот се произведува во црниот дроб, а неговата концентрација во крвта најмногу е поврзана со исхраната.

ЛДЛ е т.н лошиот холестерол и дозволените вредности во крвта се 1,55-4,53 mmol/l

ХДЛ е т.н добриот холестерол и дозволените вредности во крвта се 1,03-1,55 mmol/l

 

Loading...

 

Зголеменото ниво на ЛДЛ холестерол најмногу е предизвикано од неправилна исхрана и стрес, додека покачениот ХДЛ е главно показател за заштита од кардиоваскуларни болести.

Една храна се покажала како особено важна кога станува збор за намалување на лошиот холестерол. Британската здравствена организација го оцени како „совршена храна“ за здрави крвни садови. Тоа е соја.

Неодамнешните студии покажаа дека сојата може да го намали нивото на лошиот холестерол за 3%! Бројката можеби ви изгледа занемарлива, но е исклучително важна за нашиот организам.

Научното списание „The Journal of Nutrition“ ги објави резултатите од ова истражување во 2019 година. Имено, внесувањето на 25 грама дневно од оваа храна за шест недели може да го намали лошиот холестерол во крвта за 3 до 4%.