Многу едноставен трик за чистење на sидовите – потребни ви се само три состојки!
Ако планирате да фарбате оваа година, кога ќе слушнете за овој трик, повторно ќе размислите. Една мајка на TikTok сподели начин за чистење ѕидови и воодушеви речиси девет милиони луѓе!
Ако имате деца во куќата, а особено оние на возраст под шест години кои сакаат да „чкртаат“ по sидовите, ќе бидете особено воодушевени, велат сите што го гледаа ова видео на социјалните мрежи.
Колку и да се грижите за хигиената на куќата, да ја исчистите и измиете, неизбежно е sидовите да се извалкаат. Сепак, постои многу едноставен начин да направите вашите sидови да блеснат, а вашиот дом да мириса. Веќе имате се што ви треба во куќата.
Трикот, кој воодушеви многумина, го сподели Тања, која на TikTok се претставува како „страсна љубителка на чистењето“.
„Еве еден трик што би сакале да го знаете“, вели таа во видеото.
Во сад, таа измеша вода, сода бикарбона и голема количина средства за дезинфекција. Таа малку ги измеша состојките и го натопи ролерот за боја во течноста, а потоа со него ги „избриша“ sидовите.
Ефектот е неверојатен и без чистење!
Патем, сода бикарбона често се користи за чистење на разни површини низ куќата, бидејќи делува како благ абразив и ги избелува површините.
@tanyahomeinspoA hack you wish you’d known😳 ##homehacks ##cleaninghacks ##tanyahomeinspo ##cleanwithme ##ukcleaning ##cleantokuk ##cleaningtips ##hometips♬ eyeland gyal eyeland gyal me a trinimican gyal – Worship Nicki ❤️