Еврото зајакна во однос на доларот и јенот, биткоинот падна

Сподели со своите пријатели

Вредноста на доларот денеска падна во однос на главните светски валути, вклучително и еврото, бидејќи Кина најави укинување на карантинот за влезните патници, поттикнувајќи го апетитот на инвеститорите за поризични валути.

Loading...

Кина ќе го прекине барањето патниците кои пристигнуваат во земјата да одат во карантин почнувајќи од 8 јануари, иако бројот на случаи на Ковид се зголемува, соопшти во понеделникот Националната здравствена комисија.

Во исто време, Пекинг ги олесни правилата за управување со инфекцијата со Ковид, спуштајќи ги во категорија Б од највисоката категорија А.

Еврото порасна за 0,2 отсто во однос на американскиот долар на 1,06545 долари и зајакна во однос на јенот на 141,89 јени, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мајли издаде декрет со кој се ограничува имиграцијата во Аргентина

Етапното укинување на кинеската политика за нулта ковид може да обезбеди дополнителен поттик за еврото, кое е во пораст благодарение на тоа што Европската централна банка зазеде многу построг став кон инфлацијата отколку што очекуваа инвеститорите, велат аналитичарите.

„Побрзо укинување на ограничувањата на Ковид ќе ја поддржи кинеската економија и ќе има корист за еврозоната и еврото“, велат стратезите на Данјуг.

Со оглед на тоа што пазарите на капитал во Велика Британија беа затворени поради државен празник, тргувањето со фунтата денеска беше пригушено, а британската валута се одржува стабилно на околу 1,2071 долари.

Индексот на американскиот долар, кој ја мери вредноста на зелената банкнота во однос на кошницата од шест главни конкуренти, ослабе за 0,1 отсто на 104,04 поени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција одлучи: Ќе ги казнуваме патниците кои стануваат пребрзо по слетувањето

Јапонскиот јен падна за 0,2 отсто во однос на доларот на 133,07 јени, и покрај тоа што приносите на јапонските краткорочни државни обврзници се искачија на највисокото ниво во последните седум и пол години на аукција која привлече релативно слаба побарувачка.

И покрај денешната слабост, јенот е на пат на својата најголема квартална добивка во однос на доларот од 2008 година, до дури 8,1 отсто, по ненадејната одлука на Банката на Јапонија (BOJ) да го прошири дозволениот коридор за отстапување за приносите на државните обврзници од 25 на 50 базични поени во двете насоки.

Гувернерот на BOJ, Харухико Курода, во понеделникот отфрли каква било шанса за излез од ултра лабавата монетарна политика во блиска иднина, поради шпекулациите на пазарите и меѓу креаторите на политиката дека мандатот на Курода завршува во април 2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се заканува со одговор на американските царини ако преговорите не успеат

Јуанот се зголеми за 0,1 отсто на 6,9686 за долар на пазарите надвор од континентална Кина.

Во однос на криптовалутите, биткоинот последен пат падна за 0,4 отсто на 16.858 долари, додека етерот беше намален за 0,8 отсто на 1.217,90 долари.