Вредноста на еврото денеска падна на најниско ниво во однос на американскиот долар, од 1,0306 долари за едно евро, под влијание на тензиите околу енергетските извори во Европа и јачината на американската валута, која има корист од поагресивната политика на САД централна банка (ФЕД).
Околу 11:50 часот по средноевропско време доларот поскапе за 1,12 отсто, а еврото вредеше 1,0305 долари.
„Растечките стравови од рецесија тежат на еврото, додека доларот расте“, коментира аналитичарот на Citi Index, Фиона Цинкорта.
Пазарите сметаат на американската ФЕД да продолжи со агресивно зголемување на каматните стапки за да ја спречи инфлацијата, рече таа.
Податоците за деловната активност објавени денеска во Европа укажуваат на ризик од забавување на растот на крајот на вториот квартал, додаде таа.
Дополнително, економската активност во еврозоната нагло забави во јуни во приватниот сектор и е на најниско ниво во последните 16 месеци, според еден показател заснован на анкетите на фирмите објавени од S&P global.
Друг аналитичар Нил Вилсон оценува дека рецесијата се чини неизбежна во земјите од еврозоната.
„Еврото е во очајна ситуација и ако Европската централна банка не попушти, наскоро би можело да стане еднакво на доларот“, рече тој.
Енергетската криза тежи и врз европската валута.
Аналитичарот на Energy Aspects во извештајот рече дека наглото зголемување на цените на гасот и електричната енергија носи висок ризик дека економијата на ЕУ може да влезе во рецесија порано од предвиденото.
Има истовремен ризик од недостиг на енергија од една страна и намалување на куповната моќ на домаќинствата поради цената на енергијата, што ја намалува побарувачката од друга, вели аналитичар од Western Union.