Во Германија, повеќе од 200 илјади Украинци го загубија статусот на привремена заштита од јули 2024 година.
Бројот на Украинците со статус на привремена заштита во Германија се намалил од 1,37 милиони на 1,11 милиони луѓе, соопшти Евростат, а пренесува Танјуг.
Од јули 2024 година, Германија ги избриша од регистарот на лица со статус на привремена заштита, сите оние кои добиле друг статус на заштита или дефинитивно ја напуштиле германската територија.
Споредено со крајот на јуни годинава, бројот на лица под привремена заштита во Германија е намален за 236.925 (17,6 отсто).
Од 31 јули, украинските граѓани сочинуваа над 98 отсто од корисниците на привремена заштита во ЕУ, а вкупниот број на украински граѓани кои заминаа во земјите на ЕУ од почетокот на војната во целосен обем е околу 4,12 милиони.
Речиси половина од бегалците во европските земји се возрасни жени (45,3 проценти), потоа деца (32,4 проценти) и возрасни мажи (22,4 проценти).
Според Европската статистичка организација, во Германија се уште има повеќе украински бегалци отколку во која било друга земја во светот.
На второ место е Полска со 976.205 илјади украински граѓани (23,7 отсто од вкупниот број во Европа), а на трето е Чешка (369 илјади луѓе).
Најголем број украински бегалци во споредба со локалното население е забележан во Чешка, Литванија и Полска.
Во овие земји има приближно 26-33 корисници на привремена заштита на 1.000 жители.
На 25 јуни 2024 година, Европскиот совет донесе одлука за продолжување на привремената заштита на овие лица од 4 март 2025 година на 4 март 2026 година.