Европските производители на оружје шокирани, бараат помош од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Европските производители на оружје побараа помош од Европската унија за приспособување на производствените капацитети во „мирно време“ на ненадејниот скок на побарувачката, истакнувајќи го проблемот со недостигот на работна сила.

Loading...

Велат дека се шокирани од развојот на ситуацијата.

Индустријата за оружје всушност очекуваше земјите од ЕУ да трошат помалку, а не повеќе, за одбрана по една деценија мир во Европа, изјавија во вторникот шефовите на производителите на оружје на состанокот пред собирот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека започнале дијалог со индустријата и сојузниците за зголемување на производството и надополнување на залихите, пренесе Ројтерс.

Министрите за одбрана ќе донесат одлуки за зголемување на залихите, најави Столтенберг на прес-конференција, додавајќи дека нивното намалување за поддршка на Украина е вистинскиот потег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мали: 70 загинати во напад на група поврзана со Ал Каеда

НАТО најави зголемување на залихите

Но, сега производството мора да се зголеми за сојузниците да ги обезбедат сопствените капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина на „долгорочен план“, нагласи генералниот секретар на НАТО во Брисел. Тој очекува и дека министрите  на НАТО ќе ги усвојат амбициозните цели кои на индустријата ќе ѝ обезбедат долгорочна побарувачката за и со тоа исполнување на нејзиниот услов за долгорочни инвестиции. Тие ќе размислуваат и за заеднички набавки, додаде Столтенберг.

Извршниот директор на францускиот производител на оружје Nexter, Николас Шамуси, објаснува дека индустријата морала да одговори на драматичниот скок на побарувачката за воена опрема во ЕУ, а нејзиниот производствен капацитет е дизајниран за мирно време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шериф упаднал во судницата во Кентаки и го изрешетал судијата

Тој им порача на водачите на ЕУ да избегнуваат „повторено фрагментирање на национално ниво“ во трескавична средина диктирана од војна и секоја земја да ги следи своите цели.

Loading...

„Напротив, овој предизвик мора да се реши на европско ниво“, смета шефот на францускиот производител на оружје, повикувајќи на зајакнување на воените капацитети преку подобра, поефикасна соработка.

Nexter дизајнира и произведува воени возила за француските и меѓународните вооружени сили.

Тој е дел од француско-германската KNDS, која е 50 отсто во сопственост на француската држава и 50 отсто во сопственост на групацијата Вегман.

Има недостиг од работници

И директорите на производителите на оружје порачаа дека итно им требаат повеќе работници.

Шамуси ја повика ЕУ да помогне во изградбата на „резервоар на труд“, предлагајќи вработување на работници кои се пензионирале предвреме и ангажирање на експерти од други компании.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во ЕУ во август се регистрирани 643.637 нови автомобили

ЕУ купи опрема за украинската армија, вклучително и смртоносно оружје, кое, според Унијата, треба да се користи за одбранбени цели.

Минатиот петок лидерите на ЕУ одлучија да ја зголемат финансиската и воената помош за Украина.

Еврокомесарот за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека овој месец ќе се разговара за конкретни предлози, потсетува Ројтерс.

Loading...

„За нас, непосредна последица (на руската инвазија на Украина) е барањето да вложиме повеќе напор, да работиме побрзо, да испорачаме со побрзо темпо и веднаш“, рече шефот на европскиот производител на ракети МБДА, Ерик Берангер.

Компанијата е во сопственост на Airbus, BAE Systems и Leonardo.