Европските индекси во пад, како и цените на нафтата и златото

Сподели со своите пријатели

Европските берзански индекси денес се во пад, како и цените на нафтата и златото, додека пазарите чекаат податоци за вработеноста и индустриското производство во еврозоната, кои ќе бидат објавени во 11:00 часот.

Loading...

Оптимизмот на берзите што преовладуваше откако САД и Кина постигнаа привремен договор во Женева е минато, а инвеститорите се претпазливи и загрижени поради долгорочната неизвесност околу деталите и спроведувањето на трговските договори.

Инвеститорите денес внимателно го следат и месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), како и кварталните резултати и прогнози на важни меѓународни компании како што се „Дојче Телеком“, „Сименс“, „Алијанц“ и „Алибаба“, објавува „Си-Ен-Ен“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и ЕУ подготвуваат санкции врз енергетскиот и финансискиот сектор на Русија

Денес во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,36 проценти на 23.419,50 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,48 проценти на 8.543,58 поени, францускиот CAC 40 за 0,32 проценти на 7.809,68 поени, а московскиот MOEX за 2,39 проценти на 2.855,86 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 0,21 проценти на 42.051,06 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,10 проценти на 5.892,58 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,72 проценти на 19.146,81 поени.

Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 34.830 евра за мегават-час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судот на ЕУ пресуди против ЕК: Морале да ги достават пораките за договарање вакцини

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 60.934 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 63.826 долари.

Цената на златото падна на 3.144,12 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,2770 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Loading...

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,12113, што е за 0,34 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.