Европските и американските берзи растат, цената на нафата продолжува да паѓа

Сподели со своите пријатели

Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, додека цената на нафтата продолжува да паѓа.

Loading...

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:00 часот порасна на 15.966,25 поени, исто како и лондонски FTSE 100 – на 7.486,36 поени, француски CAC 40 – на 7.279,14 поени, а московскиот MOEX – на 3,33 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 35.273,03 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.556,62 поени и вредноста на индексот Nasdaq – на 14.265,86 поени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во напад со дрон во Судан, уништен цел конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта падна на 76.822 долари за барел, како и цената на нафтата од типот брент – на 81.400 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 46 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 1.995,14 долари за унца, како и цената на пченицата на 5,5638 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09185, што е за 0,29 отсто повисока од вчера.