Европските и американските берзански индекси во пораст, цените на нафтата и златото пораснаа

Сподели со своите пријатели

Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, нафтата и златото поскапеа, а инвеститорите и понатаму се релативно претпазливи поради ескалацијата на војната во Украина, пишува порталот „Трејдинг економикс“.

Loading...

Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:30 часот порасна на 19.249,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.205,29 поени, францускиот CAC 40 на 7.249,11 поени, а московскиот MOEX на 2.614,01 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 43.870,35 поени, индексот S&P 500 на 5.948,70 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.972,42 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.708 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.755 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градоначалник и советници на канадски град одбија да му се заколнат на верност на кралот

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 48,8 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.698,79 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4679 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,04746, што е приближно исто како и вчера.