Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, цените на нафтата и златото паднаа

Сподели со своите пријатели

Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, а цените на нафтата, златото и пченицата истовремено паднаа.

Loading...

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 16.708,30 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100, на 7.501,00 поени, францускиот CAC 40, на 7.450,56 поени, а московскиот MOEX на 3.170 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 37.863,80 поени, вредноста на индексот Nasdaq на 15.310,97 поени, а вредноста на индексот S&P 500 на 4.839,81 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 72.746 долари, а на нафтата „брент“ на 77.980 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 27.620 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.023,48 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,9020 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09017, што е приближно исто како и во петокот.