Руската Државна Дума денеска усвои два закони со кои се укинува јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на територијата на Русија, откако Москва објави дека планира да го напушти тој суд поради конфликтот во Украина, пренесе Ројтерс.
Loading...
Еден од двата закони ја укинува јурисдикцијата на ЕСЧП во Русија, а другиот го одредува 16 март како момент на раздвојување, па пресудите против Русија донесени по тој ден не можат да се спроведат, објави Ројтерс.
Министерскиот комитет на Советот на Европа одлучи да ја исфрли Русија од Европскиот суд за човекови права на 15 март, како одговор на рускиот напад врз Украина.