Европскиот парламент ја потврдува новата Европска комисија

Сподели со своите пријатели

Во среда, Европскиот парламент се очекува да ги потврди членовите на новата Европска комисија – извршното тело на ЕУ – за петгодишен мандат кој најверојатно ќе биде обележан со големи економски и геополитички предизвици.

Loading...

Законодавниот дом на Европската унија ќе гласа во Стразбур дали да го потврди тимот од 26 еврокомесари во целина, кои ќе работат под раководство на веќе реизбраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Моќната извршна власт на ЕУ е единствената институција на ЕУ која може да предложи нови закони за кои преговараат Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лајен: Сонот за Европа се протега и на Западен Балкан

Новата комисија, која треба да почне со работа на 1 декември, ќе треба да се справи со повеќе домашни и светски кризи.

Новиот тим на Фон дер Лејен ќе се фокусира на економските и безбедносните прашања додека блокот се бори да осане економски конкурентен против Кина и САД, како и да се вооружи пред рускиот реваншизам.