Според соопштението, податоците ќе им помогнат на астрономите да разберат како се менувала галаксијата Млечен Пат со текот на годините, врз основа на формирањето и смртта на ѕвездите.
Се додава дека новите информации за староста, масата, температурата и хемиското формирање на две милијарди ѕвезди, објавени од ESA, може да се користат и за да се одреди која ѕвезда преминала од галаксија до Млечниот Пат.
Податоците за мисијата на Гаја содржат повеќе од 800.000 датотеки на ѕвезди, како и планети, астероиди и други објекти во Сончевиот систем.
Ѕвездите истражени како дел од мисијата Гаја сочинуваат само еден процент од ѕвездите во галаксијата.
Млечниот пат е галаксија на која и припаѓа Сончевиот систем и во која Земјата е една од планетите. Ноќе, на небото може да се види како светла патека.
Во 1609 година, Галилео Галилеј со телескоп утврдил дека оваа трага е составена од голем број ѕвезди.