Европската унија воведе нови санкции против Белорусија

Сподели со своите пријатели

Европската унија воведе нови санкции против Белорусија поради нејзината улога во руската агресија врз Украина, соопшти француското претседателство со Советот на Европската унија.

Loading...

„Корепер (Комисијата на постојани претставници) штотуку одобри санкции против белоруски функционери и воен персонал вклучени во руската агресија врз Украина“, соопшти француското претседателство.

Санкциите се насочени кон некои економски сектори, вклучувајќи го и извозот на дрво, челик и поташа, калиум карбонат што се користи како ѓубриво во земјоделството.

Европската унија ги воведе првите санкции против Белорусија во 2020 година по насилното задушување на протестите во Белорусија.

Во август 2020 година, луѓето во Белорусија масовно протестираа против местењето на претседателските избори.