Европската унија ќе воведе нови санкции против Иран

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на Европската унија на денешниот состанок ќе одлучат за воведување повеќе санкции против Иран, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Loading...

Бербок рече дека повеќе членови на Иранската револуционерна гарда ќе бидат додадени на списокот на санкционирани лица.

Бербок им рече на новинарите дека ЕУ нема да дозволи кршење на човековите права во Иран.

ЕУ претходно воведе санкции за повеќе од 100 ирански функционери и институции за претресување на демонстрантите кои учествуваа во протестите поради смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор поради непочитување на носењето хиџаб во септември минатата година, вклучително и членовите на полицијата за морал, водачите на Револуционерната гарда и државните медиуми, пренесува Танјуг.