Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) позитивно ја оценија процедурата на клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус, соопштено е денеска во Москва.
Loading...
„Добивме позитивен заклучок од ЕМА во врска со клиничките испитувања“, изјави Денис Логунов, заменик-директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, за каналот на Соловиев на Јутјуб.
Овој центар при руското Министерство за здравство стои зад развојот на оваа вакцина.