Данска ќе ја забрани употребата на социјалните мрежи од страна на деца под 15 години, објави данската влада во петок, но родителите ќе можат да дадат согласност на деца над 13 години за пристап до одредени платформи.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен, во говор пред парламентот во октомври, повика на ограничување на употребата на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите.
Таканаречените социјални мрежи растат крадејќи време, детство и благосостојба на нашите деца, а ние сега ставаме крај на тоа, изјави министерката за дигитализација Каролина Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот објавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање.
Децата во Данска најмногу ги користат Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok, соопшти владата.
Според анализата на данскиот орган за конкуренција и заштита на потрошувачите од февруари оваа година, младите луѓе во таа нордиска земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните мрежи.
Данска го следи примерот на Австралија, која минатата година воведе забрана за социјални мрежи за лица под 16 години.

