Европол: Уапсени 62 членови на криминални групи бидејќи ловеле контаминирани мекотели

Сподели со своите пријатели

Во Франција, Португалија и Шпанија, со поддршка на Европол, уапсени се 62 членови на неколку организирани криминални групи вклучени во нелегален риболов на контаминирани мекотели, чија пазарна вредност е до 10 милиони евра, соопшти денеска Европол.

Loading...

Во соопштението се наведува дека во пресрет на Божик, во текот на 17 дена се запленети 30 тони нелегално фатени, контаминирани мекотели, како и шест тони јагули чија пазарна вредност е и до 10 милиони евра.

Се посочува дека криминални банди фалсификувале документација за контаминирана морска храна за да ја прикажат како погодна за човечка исхрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За една година киднапирани 2,2 милиони Нигеријци

Предупреди дека тоа би можело да доведе до големи здравствени проблеми, при што континуираното консумирање на контаминирани школки ги става луѓето во ризик од сериозни болести како што е хепатитис.

Европол наведува дека во текот на истрагата било утврдено дека криминални мрежи експлоатирале рибари од азиските земји, при што им плаќале само едно евро за килограм уловени мекотели.

Рибари нелегално ловеле риба во Португалија, испраќајќи мекотели во Шпанија, а потоа и во други земји, се наведува во соопштението и се посочува дека за прв пат во тој случај ЕУ ја открила врската меѓу т.н. „еколошки криминал“ и трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Усвоена декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ